Научниците од Универзитетот за науки и технологии “HKUST” во Хонгконг развија дезинфекциско средство кое би можело да заштити разни површини од коронавирусот во текот на 90 дена.
Средството наречено “MAP-1” (Multilevel Antimicrobal Polymer” ефикасно убива до 99,9% од високоинфективните вируси, како и бројни бактерии. Неговата ефикасност била потврдена и кај микроорганизмите отпорни на лекови во двете теренски студии кои биле спроведени во болницата „Ковлон“ и во дом за стари лица.
Ова револуционерно средство за дезинфекција во Хонгконг веќе е пуштено во продажба. Се продава како спреј по цена од осум евра.
“MAP-1” е резвиен од страна на тим на експерти од “HKUST” на чело со Јеунг Кинг Лун, професор на катедрата за хемиско и биолошко инженерство и прв човек на Одделот за околина и одрживост. На научниците им биле потребни дури десет години за да го развијат средството.
Професорот Јеунг тврди дека средството кога ќе се нанесе на одредена површина е ефективно и до 90 дена и дека овозможува трајна заштита и површинска дезинфекција. Може да се нанесе на различни површини, вклучувајќи метали, бетон, дрво, стакло, пластика, како и ткаенини, кожа и текстил, при што не се менува материјалот на кој се користи.
Во рамките на техничките стандарди за дезинфекција кои ги објави Националната здравствена комисија на Кина, докажано било дека супстанцата не е токсична, дека е безбедна за кожата и околината, па може да се користи и како дезинфекција за раце, па дури и во филтрите за прочистување на воздух и вода.
Во настојувањето глобално да придонесат во борбата против епидемијата на Ковид-19, научниците на “HKUST” во соработка со индустрискиот партнер “Chiaphua Industries Limited” дезинфицирале повеќе од 70 домови за стари лица, како и градинки и основни училишта. Го тестирале во трговските центри, школски автобуси, цркви и спортски сали.
Извор: Tportal.hr