Група научници ги истражува пештерите во југозападната кинеска провинција Јунан за меѓу популацијата на лилјаци да пронајдат нови коронавируси, со цел да спречат нови големи епидемии.
Питер Дажак кој е „ловец на вируси“ веќе 10 години, вели дека досега во повеќе од 20 земји ширум светот има идентификувано околу 500 нови коронавируси. Овие резултати се добиени врз основа на 15 илјади примероци земени од лилјаци, а еден кој што бил земен во 2013-та година од пештера во Кина, можеби е поврзан со Ковид-19.
Дажал кој е претседател на „Еко Хелт Алијанса“, американска невладина организација специјализирана за откривање на нови вируси и превенција од пандемии, додадва дека откритијата се пренесуваат во отворена библиотека со сите познати вируси кои ги напаѓаат животните.
Како што вели, врз основа на тие информации научниците можат да предвидат за кои видови е најголема веројатноста дека вирусот ќе премине на човек и на тој начин да го подготват светот за нови пандемии како што е актуелната пандемија на Ковид-19.
This bat hunter has spent ten years trying to prevent the next big pandemic by searching bat caves for new pathogens — more specifically, new coronaviruses. https://t.co/LQSE942wYI
— CNN (@CNN) April 27, 2020
Целта на истражувањето е новите вируси кои ги напаѓаат животните вклучувајќи ги коронавирусите, да бидат идентификувани пред да бидат пренесени на човек.
Дажек проценува дека лилјаците носат до 15 илјади коронавируси, од кои досега на научниците им се познати „само“ неколку стотини.
Извор: Kurir.rs