Една компанија направила систем за надзор кој обележува луѓе на “пропишана” далечина, како и оние кои биле поблиску еден до друг од тоа што смееле да бидат. Ова е најнов пример за употреба на технологијата за надзор на луѓето во екот на пандемијата.
Како што велат од компанијата Landing AI, која го направила овој софтвер, станува збор за систем кој користи вештачка интелигенција за да одреди дали луѓето се придржуваат до пропишаните мерки за дистанцирање. Софтверот тоа го прави така што анализира снимки од камери во реално време.
Една од можните употреби била на работните места, а постои дури и можност за праќање на предупредувања до вработените доколку некој не ги почитува пропишаните мерки.
На видео-снимката јасно се гледа како се одвива анализата: Луѓето кои не се преблиску до некој се обележани со зелен правоаголник, додека оние кои “ги кршат” мерките се обележани со црвен.
Извор: B92.net