Динамиката на ноќниот живот се менува: диџеите и промотерите мора да смислат нови идеи и начини да останат активни. Различни фестивали се откажани, а креаторите на електронска музика се префрлаат на “онлајн работење”, односно организираат преноси во живо на различни платформи и така остануваат со публиката.
Анализата на DJ Mag Top 100 листата, спроведена од истражувачите од компанијата Kaspersky, покажа дека на процесот на преземање на електронска музика од интернет треба да се пристапи внимателно.
Според нивната анализа, имате најголеми шанси да го “заразите” вашиот компјутер ако ја преземете музиката на Дејвид Гета, односно фајловите кои се “претставуваат” како музика на овој диџеј.
Истражувањето покажало дека сајбер криминалците најчесто користат имиња на уметници како Дејвид Гета, Алан Вокер, диџеј Sneak, Калвин Харис и Мартин Гарикс за да шират малициозни фајлови и да ги злоупотребуваат интересите на обожавателите на електронска музика, се вели во објавувањето.
Овие фајлови содржат широк спектар на закани, вклучително и адвер и малициозни тројанци, кои се користат за уништување, блокирање, менување или копирање на податоци или за мешање во перформансите на компјутерите или мрежите.
За да спречите да станете жртва на вакви напади, играјте на сигурно: Секогаш проверувајте двапати ако прв пат слушнате за некоја песна и, се разбира, секогаш е најсигурно да преземате или онлајн да слушате песни само од проверени страници: Deezer, Audiomack и слично.
Извор: B92.net