Биоинженерите од Рајс Универзитетот направија „заплеткана“ кардиоваскуларна мрежа слична на оние кои веќе се наоѓаат во нашето тело. Тимот направи нова open-source биопринтинг технологија, наречена SLAT (Stereolitography apparatus for tissue engineering).
Развија и „вреќа на воздух“, која би требало да ги имитира белите дробови, а која би можела да го донесе воздухот до крвните садови кои ја опкружуваат.
„Еден од најголемите предизвици во нашата работа беше да направиме големи ткива, кои би функционирале како оние кои ги имаме во телото. Блоковите на ткива можеме да ги направиме релативно лесно, но тешко е да се направат ќелии кои навистина би функционирале“, истакна Баграт Григорјан од Универзитетот Рајс.
Како што вели, создавањето на ткива кои ја менуваат големината, еден ден би можело да значи и нивна примена во човековото тело.