Компанијата Asus го претстави својот нов лаптоп од линијата ZenBook Pro, а тоа е моделот UX550 за кој што тврди дека е најбрзиот, најтенкиот и најлесниот ZenBook Pro модел досега.
Според аналитичарите, спецификациите на новиот лаптоп на Asus не се баш врвни за денешните стандарди. Новиот ZenBook Pro ја поседува седмата генерација Caby Lake на Intel Core i7 процесорот, иако Intel веќе ги пласираше на пазарот процесорите од новата осма генерација.
Покрај тоа, за графиката е задолжена графичката карта nVidia GTX 1050 Ti што може да се каже дека е прилично солидно решение кај новиот ZenBook Pro.
Лаптопот пристигнува со помалку разочарувачки 15,6-инчен екран со резолуција од 1920х1080 за која што многумина ќе се согласат дека мора да биде барем 4К, кога веќе пристигнува еден нов, амбициозен лаптоп на Asus на пазарот.
Покрај тоа, новиот ZenBook Pro пристигнува со 16 GB RAM, 512 GB PCIe SSD меморија, потоа Thunderbolt 3 USB-C порт, два USB 3.1 Type-A портови, како и интегриран сензор за отпечатоци на прст.
Една од најдобрите карактеристики на новиот ZenBook Pro е тоа што лаптопот поседува технологија за брзо полнење. Од Asus тврдат дека батеријата на новиот лаптоп може да се наполни до 60% капацитет за 49 минути. Овој лаптоп ќе се продава по цена од 1,699 долари.