Живееме и работиме во вонредни услови кои се предизвик за секој од нас. Но, кризата предизвикана од COVID-19 несомнено најмногу влијае на компаниите. Сега, повеќе од кога било имаат потреба од користење на дигитални технологии како за да се забрза нивниот раст така и за да се иновираат процесите, производите и услугите. Охрабрува фактот што дури 63,3 отсто од компаниите на нашите простори сметаат дека дигитализацијата претставува можност за унапредување на нивниот начин на работа.
Во овие моменти кога сме сите дома и професионалните обврски ги завршуваме преку дигиталните алатки за комуникација, зголемена е потребата од видео конференциски услуги кои се пред се безбедни. Исто така во време кога бизнисите се соочуваат со оптеретеност на нивните веб страници и веб апликации кои ги нудат, според последните податоци за 1500 % споредено со претходно, потребни се сервери со голем капацитет.
Потребата од ИКТ услуги во бизнис сегментот ја препознава и А1 Македонија која во оваа предизвикувачка економска ситуација во која се наоѓа нашата земја, на сите деловни корисници кои ќе склучат нови договори, им овозможува промотивно бесплатно користење на cloud услуги до 30.06.2020 година.
Имено, сите корисници до 30.06.2020 може бесплатно да ја користат услугата за професионална видео конференција на „eyeson“ која овозможува безбедност при користењето, бидејќи податоците што ги пренесувате или споделувате во текот на повикот се заштитени согласно строгите европски закони за заштита на приватноста. Комуницирањето е безбедно, се избегнуваат состаноци во живо и на овој начин се придонесува кон јавното здравје и заштита од COVID-19.
Компаниите пак кои се соочуваат со капацитативни проблеми на нивните сервери, може да ја искористат и промоцијата со 100% попуст на месечната претплата за хардверски ресурси на А1 виртуелните приватни сервери (IaaS) и европската cloud платформа Exoscale (со локација во Минхен) како би обезбедиле континуитет во работата без да впуштање во нови инвестициски трошоци за хардвер. Исто така, компаниите кои имаaт потреба од масовно испраќање на SMS за да останат во контакт со своите клиенти, можат да потпишат договор за користење на SMS модул од услугата Cloud messaging на А1 и да добијат 100% попуст на месечната претплата.
А1 Македонија постојано ја збогатува понудата за деловните корисници со решенија кои значат уште поедноставно и поефикасно функционирање на бизнисите во вонредни услови.