Првиот обид на јужнокорејската компанија да направи свој виртуелен асистент беше S Voice. Прилично просечен производ беше претставен кога излезе сега веќе далечниот модел Samsung Galaxy S3.
Подоцна пристигнуваше прединсталиран на поголем дел од уредите на Samsung од 2012. до 2017. година, а потоа беше заменет со неспоредливо подобриот и покорисен дигитален асистент Bixby, кој пристигна со Galaxy S8 моделот. Интересно е дека S Voice остана функционален цело ова време, но изгледа дека конечно му дојде крајот.
Samsung соопшто дека S Voice ќе престане со работа на 1. јуни, 2020. година. Потоа, сите прашање ќе го имаат истиот одговор, а тој ќе биде – не можам да го процесирам вашето барање. Значи, по тој датум, кој не е толку далеку (помалку од два месеца) ќе биде невозможно да се добие адекватен одговор од дигиталниот асистент.