Проектот кој се подготвува веќе со месеци, автономниот летечки дрон сега за првпат е тестиран.
Ваквиот вид на транспорт би требало да почне да се практикува најпрвин во Дубаи. Германската компанија “Волокоптер” во соработка со властите на Дубаи го отпочнала проектот чија цел е да основаат “летечка” такси служба во светот.
За превозот на патникот ќе се користат автономни електрични патнички дронови кои би требало да бидат во состојба да ги покриваат релациите во внатрешноста на самиот град. По повеќемесечна припрема, во понеделникот во присуство на принцот шеик Хамдан бин Мохамед се одржа и првиот тест на еден таков патнички дрон.