Виџетите се присутни во iOS веќе со години, но воглавно се сместени на својот доделен екран, а не како кај Android – каде и да сакате да ги сместите. Наскоро iOS корисниците би можеле да добијат повеќе флексибилност на ова поле.

Сајтот 9to5Mac откри дека Apple развива „вистински“ виџет систем за iOS 14. Со кодно име „Avocado“, функцијата би требало да овозможи виџетите да се постават било каде на почетниот екран, како да се во прашање иконите за апликации.

Сепак, се очекува дека функцијата нема да има апсолутна флексибилност како на Android, каде постојат виџети со кои е можно да се менува големината и опцијата за креирање кратенки за апликации било каде на почетниот екран. Доколку новиот систем на виџети пристигне на iOS 14, ова ќе им одговара на оние корисници кои сметаат дека интерфејсот на почетниот екран за iOS со години немал никакви измени.