Сега кога iPhone 8 и iPhone 8 Plus станаа достапни, Apple почна со маркетиншка кампања за своите најнови телефони. Компанијата ја објави првата реклама во која потенцира осум работи кои ќе ги сакате кај новите iPhone 8 уреди.
https://www.youtube.com/watch?v=uPCMjEsTHag
Кратка рекапитуација за оние кои не можат или не сакаат да го погледнат видеото:
Apple сугерира дека iPhone 8 е специјален поради тоа што има најотпорно стакло било кога на некој смартфон, има нов Portrait Lightning режим за фотографии, безжично полнење, најмоќен и најпаметен чип, подобра камера, водоотпорност, нов Retina HD дисплеј со True Tone и функција за проширена реалност (AR).