Ако сакате да поседувате смарфон кој ја поддржува 5G мрежата, воглавно морате да купите скап уред, меѓутоа Xiaomi се потруди тоа повеќе да не биде така.
Xiaomi го претстави моделот Mi 10 Lite 5G кој чини 349 евра, а како што кажува ознаката, поддржува 5G мрежи. Уредот поседува 6,75-инчен AMOLED екран со итегриран сензор за отпечатоци од прсти, процесор Snapdragon 765G и батерија од 4.160 mAh. Тежок е 192 грама, што значи дека е полесен од неодамна претставените модели.
Доби четири задни камери, меѓу кои главна е онаа со 48 мегапиксели, додека однапред е селфи камерата од 16MP. Уредот пристигнува со познатиот асортиман на софтвер за фотографија.
Mi 10 Lite 5G ќе биде можно да се купи во бела, сива и зелена боја, а во Европа доаѓа на почетокот на мај. Достапни ќе бидат две верзии, една од 64GB и друга од 128GB интерна меморија. Моделот со 64GB ќе чини 349 евра, додека цената на верзијата со повеќе меморија засега не е позната.
Исто така, соопштено е дека Mi 10 ќе чини 799 евра, а Mi 10 Pro 999 евра, а продажбата во Европа почнува на 7. односно 15. април.