Huawei ќе инвестира 200 милиони американски долари како поддршка на независните развивачи на хардвер и софтвер за користење на компјутерски решенија на компанијата Huawei.
Во петокот, кинескиот гигант Huawei издаде соопштение според кое оваа година ќе се одвојат значајни средства за да се охрабри користењето на нивните компјутерски решенија, а со кои директно ќе се зголеми присуството на нивната технологија ширум светот. Годинешната инвестиција е дел од претходните 1,5 милијарди американски долари инвестиции кои ги најавија дека ќе ги вложуваат во следните 5 години.
„Независните развојни експерти се клучот за промена во технолошкиот свет. Тие потикнуваат иновации во компаниите и се душата на новиот индустриски екосистем“, изјавија од Huawei, “а ќе продолжиме со развој на сопствен Kunpeng процесор, според дизајнот на британскиот Arm Holdings“.
Huawei Cloud во моментов опфаќа 1,6 милиони развивачи ширум светот, а се очекува овој број да се зголеми на 5 милиони до 2025 година.