Apple за првпат во рамките на iOS 11 го претстави режимот за возење на ајфонот. Оваа опција го спречува сопственикот на телефонот да прима пораки и повици додека вози, а воедно и го известува оној кој го контактира возачот.
Опцијата се вика „Do Not Disturb While Driving“ и е составен дел од „iOS 11“. Сообраќајната полиција ширум светот ја поздравува оваа опција со надеж дека ќе помогне да се спречат сообраќајни несреќи предизвикани токму поради користење на мобилните телефони.
Сепак, постојат луѓе на кои не им се допадна оваа опција. Некои од корисниците се жалат дека нивниот телефон прави грешки и ја активира опцијата дури и тогаш кога не возат.
„Кога сум во воз, ајфонот мисли дека возам, па ми ги исклучува повиците и пораките“, вели еден корисник на ајфон, додека друг вели дека опцијата се активирала додека возел велосипед.
Како iPhone препознава дека возите?
Најдобрата индикација дека некој се наоѓа во својот автомобил е ако нивниот телефон е поврзан за „Bluetooth“ мрежата во автомобилот. А бидејќи скоро сите имаат Bluetooth во возилата, Apple користи други знаци.
Режимот за возење користи многу сигнали како што акцелерометарот на афјонот или „GPS“ за да дознае дали навистина возите. Сепак, можно е во раните фази ајфонот да го меша јавниот превоз со личниот превоз, но опцијата ќе стане попрецизна откако Apple собере повеќе податоци за користењето.
Што се случува кога се активира опцијата?
Режимот за возење може да забележи кога сопствениците на ајфон возат и да ги намали известувањата за да не им пречат. Исто така, го затемнува и екранот и го отежнува отклучувањето на уредот.
Корисниците можат да наместат и автоматски одговор на „iMessage“ на своите контакти, а опцијата исто така спречува другите да ѕвонат. Повиците се возможни единствено преку „Bluetooth“ системот. Сири работи во овој режим, но само ако станува збор за вербална комуникација.
Извор: B92.net