Новиот патент кој Apple го поднесе кај USPTO организацијата, открива дека компанијата има планови да имплементира засек (notch) и во екраните на својата MacBook линија лаптопи. Патентот открива дека компанијата планира ова да го оствари преку компактна форма, со оглед на лимитираниот формат на уредите.
Пријавата за патент покажува систем кој користи сензори за емитирање светло. Патеката на инфрацрвеното светло, проектирана кон корисникот, потоа ќе биде рефлектирана и детектирана од компјутерот со цел за верификација на идентитетот.
Скиците од патентот, исто така, сугерираат и дека Apple би можел да го промени постоечкиот дизајн на дисплеите на MacBook и iMac компјутерите, со додавање на засек во екранот (во кој би бил сместен модулот за препознавање на патеката на светлото).
Како и секогаш, кога се во прашање пријавите за патенти, не постои гаранција дека идеите и плановите ќе пристигнат на комерцијалните производи во некоја поскора иднина.