Со помош на моќна батерија со живот до две недели, уредот внесува и научни и спортски концепти во секојдневниот живот на денешните корисници

На 26 март 2020 година, на официјалната онлајн премиера заедно со новата серија P40, Huawei Consumer Business Group (CBG) го претстави и новиот додаток во портфолиото Watch GT 2 – HUAWEI WATCH GT 2e. Наменет да инспирира поактивен животен стил, новиот паметен часовник содржи 100 различни режими за тренинг, вклучително  традиционални и понапредни спортски методи.

Со HUAWEI WATCH GT 2e, Huawei за прв пат воведува функција за набљудување на сатурација на кислород во крвта(SpO2). Со помош на моќна батерија со живот до две недели, уредот внесува и научни и спортски концепти во секојдневниот живот на денешните корисници. Новиот часовник им помага на корисниците да го следат нивниот здравствен статус во реално време со мониторинг на пулс и крвен притисок, алармира доколку има поместување од нормалните отчукувања на срцето и оптимално време на спиење.

HUAWEI WATCH 2e има 1,39-инчен AMOLED екран осетлив на допир со висока резолуција. Исто така, има обновен дизајн кој носи уште поголема свежина на модерниот изглед на целиот опсег Watch GT 2. Тој ќе биде достапен во нови и свежи нијанси – Mint Green и Lava Red.

За популарниот HUAWEI WATCH GT 2 42mm, Huawei претстави нов дизајн со тело Champagne Goldи две нови ленти – FrostyWhite и Chestnut Red, кои поттикнуваат смиреност и елеганција. HUAWEI WATCH GT 2 42mm има и посебна карактеристика за дами, имено календар со месечен циклус.

„Следејќи ја традицијата на серијата, HUAWEI WATCH GT 2e продолжува да обезбедува сигурно управување на спортските и здравствени перформанси на потрошувачите“, изјави извршниот директор на Huawei, Ричард Ју. „Huawei посветува големо внимание на важноста на фитнесот и здравствените карактеристики. Во нашата стратегија за беспрекорен животен стил во сите сценарија за 2020 година, здравјето и фитнесот се во срцето на секое сценарио. Бидејќи технологијата се повеќе се поврзува со животите на потрошувачите, Huawei ќе продолжи да се потпира на технолошкиот напредок, да ги подобри софтверските и хардверските екосистеми и да создаде иновативни уреди преку кои технологиите можат да помогнат во одржување нашето здравје“.

Современ и чист дизајн инспириран од класични стилови, но сепак неконвенционален

Дизајнот на HUAWEI WATCH GT 2e е спортски, додека дизајнот на HUAWEI WATCH GT 2 е класичен. Наместо да ги следи традиционалните дизајни каде лицето е одвоено од каишот, тој има класично тркалезно лице со модерно ремче – свеж изглед на иднината на паметните часовници. Неговото тело од не’рѓосувачки челик го надополнува скриениот аристократски дизајн што се вклопува во заоблената силуета на часовникот. Часовникот доаѓа во четири нови бои – Graphite Black, Lava Red, MintGreen и IcyWhite со каиш направен од мек и удобен силикон. Двобојниот лесен TPU материјал го надополнува беспрекорниот дизајн на целината. Сите овие карактеристики не покажуваат само колку е удобно да се носи HUAWEI WATCH GT 2е, туку и да ја истакне неговата издржливост. Дури и за време на интензивен тренинг, фитнесот и здравствениот надзор остануваат точни. Тој е опремен со високо-прецизен 1,39-инчен AMOLED екран на допир, кој е јасен и шарен. Ова им овозможува на корисниците да ги видат деталите дури и при силна сончева светлина.

HUAWEI WATCH GT 2e исто така нуди и некои изненадувачки детали. Со минималистичко тело, часовникот има и песочна површина за подобра текстура. Заситената црна завршница ја рефлектира светлината, создавајќи ефект што се менува во однос на аголотна светлината што се рефлектира од часовникот.

Новиот смарт часовник на Huawei ги руши стереотипите со многу нови лица. Со воведувањето на ново анимирано лице што ја надополнува мазноста и дејството кога корисникот се движи, Huawei нуди уште поголема персонализација. Новата двојна временска зона им помага на корисниците да останат поврзани со пријателите, семејството и колегите ширум светот. Мултифункциското лице му овозможува на корисникот да ги прилагоди поставките што тој или таа ги сака, како што е изборот на важните потсетници во текот на денот. Ако корисниците сакаат нивниот паметен часовник да биде единствен, тие едноставно можат да изберат фотографија од нивните албуми за да се прикажат на лицето на часовникот.

Вистинско спортско искуство со 100 режими на тренинг  

Без разлика дали потрошувачите се љубители на традиционалните спортови или сакаат да вежбаат нешто малку повеќе експериментално, секој може да ужива во уникатните и разновидни спортски режими што ги нуди HUAWEI WATCH GT 2e.

HUAWEI WATCH GT 2e поддржува 15 режими за професионален тренинг, вклучително и осум активности на отворено (трчање, одење, планинарење, пешачење, атлетика, велосипедизам, пливање на отворено, триатлон) и седум активности во затворено (пешачење, трчање, возењевелосипед, пливањевобазен, слободен тренинг, крстарење, веслање на машина). Во режимите за професионален тренинг, HUAWEI WATCH GT 2 е обезбедува сеопфатен мониторинг штоможе да следи 190 типа на податоци – сето тоа за да им помогне на корисниците да извлечат максимум од тренингот. HUAWEI WATCH GT 2e може автоматски да препознае 6 професионални режими на тренингот, нудејќи попаметно спортско искуство.

Новиот HUAWEI WATCH GT 2e поддржува дополнителни 85 персонализирани режими за тренинг, поделени во 6 спортски категории: екстремни, задоволство, фитнес, вода, игри со топки, зимски спортови. Опфатени се и активности како што се уличен танц, паркур, балет, јога, бокс и качување. Додека корисниците го практикуваат својот омилен спорт, паметниот часовник ќе снима клучни податоци како што се траење на вежбите, согорени калории, отчукувања на срцето, напредок, време на закрепнување и многуповеќе. Уредот ќе обезбеди план за вежбање базиран на наука, како и инфографики со резултати што можат да се споделат на социјалните мрежи.

HUAWEI WATCH GT 2e доаѓа со голема меморија која може да одржи околу 500 mp3 песни. Корисниците можат да ги слушаат омилените песни и плејлисти додека тренираат со слушалките Huawei Music и Bluetooth слушалки.

Првиотво свет мониторинг на сатурација на кислород во крвта(SpO2)

HUAWEI WATCH GT 2e им овозможува на корисниците да ги следат отчукувањата на срцето, нивото на стрес и квалитетот на спиењето за даимаат актуелни здравствени информации. Сето овае овозможено за потрошувачите благодарение на технологиите развиени од Huawei за следење на пулсот – Truseen™ 3.5, за управување со нивото на стрес – TruRelex™ и Trusleep™ 2.0. Часовникот испраќа пораки во моментите кога пулсот на корисниците е превисок или пренизок. ЧипотKirin A1 овозможува долг животен век на батеријата (додвенедели) за да им овозможи на потрошувачите активно и целосно да управуваат со своите здравствени и спортски навики.

За прв пат на глобално ниво, HUAWEI WATCH GT 2e поддржува мерење на нивото на сатурација на кислород во крвта (SpO2). За само една минута, корисниците можат да го тестираат нивото на SpO2 и да бидат свесни за нивната состојба на телото.

Huawei ги претстави и новите варијации на HUAWEI WATCH GT 2 42mm – Frosty White и Chestnut Red. Тие се опремени со функција за набљудување на месечениотциклус. Корисниците на понежниот пол можат дадобиваат известувања на часовникот за очекувонивниот месечен циклус. За да го направите ова, треба да ги внесете своите основни податоци, како што е времетраењето. Известувањата може да се добијат и преку Huawei Health App.

HUAWEI WATCH GT 2e ќе биде пуштен во продажба подоцна оваа година.