Phillips ќе го зголеми производството на најпотребната здравствена опрема, особено респираторите, за да помогне во дијагностицирање и лекување пациенти заразени со коронавирус, соопшти холандската компанија.
Phillips објави дека има намера двојно да го зголеми производството на болнички респиратори во следните осум недели, а четирикратно до третото тримесечје.
„Во моментов произведуваме околу илјада респиратори неделно и планираме да ја зголемиме оваа бројка на 2.000 во наредните недели. Ние ќе продолжиме да го зголемуваме производството бидејќи побарувачката е огромна”, рече извршниот директор, Франс ван Хаутен.