Група научници од универзитетот Витс во Јоханесбург развиле потполно нов начин за пристап на Интернет – директно по пат на мозокот. Тие за првпат успеале да го поврзат човековиот мозок директно на Интернет.
Покрај тоа, тимот работи и на нови начини на размена на податоци помеѓу луѓето и компјутерите.
За тоа користеле уред кој ги детектира и мери електричните сигнали во мозокот, со цел да стимулираат невролошка активност која ја испраќа специјализиран Raspberry Pi мини компјутер. Компјутерот пренесува и прикажува податоци во облик на веб-страници на кои е возможно да се следат мозочните активности.
По поврзување на компјутерот со мозокот е овозможено директно управување со веб-страниците онака како што ги гледаме на Интернет т.н. кога користиме класичен маус и тастатура.
Иако ова истражување е прилично комплицирано и тешко објасниво без огромни научно-технолошки и биолошки терминологии, важно е да се истакне дека ова е првото успешно истражување од ваков вид, кое го поврзало човековиот мозокот со Интернетот. Научниците истакнуваат дека целта на истражувањето е да овозможи интеракција помеѓу корисниците и нивниот мозок.
Спојувањето на компјутерскиот систем за испраќање и примање на податоци и човечките електрохемиски процеси во мозокот на едно повисоко ниво се очекува во некоја подалечна иднина, бидејќи човечкиот мозок е поинаков од компјутерските единици и бара уште многу истражувања и докажувања на ова поле.