Организацијата за електрични возила „Електромобилност Македонија“ по четврти пат го спроведе едукативниот час под наслов „Електричен полигон 4“.
Ваквата активност беше спроведена во рамки на глобалниот настан Европска недела на мобилност под мотото „Споделувањето нè движи напред“, а го организира Секторот за заштита на животната средина и природата при Град Скопје.
Во „Електричниот полигон“ оваа година учествуваа ученици од средните училишта „Никола Карев“ и „Орце Николов“ и деветтите одделенија од Основното училиште „Вера Циривири-Трена“ од Скопје, на кој волонтерите од НВО „Електромобилност“ ги едуцираа за електричните возила и за нивното значење за заштита на животната средина и воздухот и намалување на бучавата.
Организацијата за електрични возила „Електромобилност Македонија“ и понатаму продолжува со свои активности во насока на подигање на свесноста кај граѓаните, централната и локалната власт во Република Македонија за значењето на електричните возила како нов тренд во мобилноста.