Компанијата SpaceX буквално во последна секунда го откажа лансирањето на ракетата Falcon 9.
Секоја функција на ракетата се следи со компјутери и со контролори кои внимателно ја следат секоја промена, така што не е необично SpaceX понекогаш да го одложи лансирањето, но последното откажување се случи буквално во последна секунда.
Спикерот го заврши одбројувањето, а кога часовникот покажа „0“, повика „полетување“, но брзо додаде „откажано е“, бидејќи стана јасно дека ракетата нема да биде лансирана.
SpaceX новиот датум ќе го објави дополнително.
Ако беше успешно, ова лансирање ќе беше рекордно петто во кое главниот бустер на ракетата е користен пет пати. Целта е да се лансираат 60 нови сателити дизајнирани да овозможат поевтин пристап до интернет во оддалечените делови на светот.
Извор: Klix.ba