Во согласност со мерките на Владата за спречување на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка во периодот до 15.04.2020 година на сите свои клиенти физички лица им овозможува бесплатно извршување на сите трансакции преку електронско и мобилно банкарство.
Во овој период клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или комјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилната апликација.
НЛБ мКлик мобилното банкарство може самостојно да се активира со преземање на апликацијата на Google Play и Apple store. Со избирање на НЛБ Standard пакетот, клиентите можат директно преку својот мобилен телефон, самостојно да ги реализираат сите банкарски трансакции во денарскиот и девизниот платен промет, да уплатат рата за кредит и картичка, да ги платат сите режиски трошоци, како и да имаат увид на сите сметки и трансакции од кое било место, 24/7.
НЛБ Банка апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура.
„Заедно можеме да ги надминеме сите предизвици, доколу одговорно се однесувме и ги почитуваме превентивните мерки. Останете во Вашиот дом, бидејќи домот е место каде се луѓето кои најмногу ни значат. Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk, и на телефонскиот број 02/15-600“. – изјавуваат од Банката.