На интернет-ресурсите се појави нова фотографија на која се гледа руски ловец од петтата генерација Су-57. Снимен е во моментот додека полетувал од еден аеродром на кој е базиран авионот.
Се претпоставува дека леталото со евиденциски број „052“ ја има новата генерација мотори (тнр. „втора етапа“) кои се специјално развиени за овој тип борбени авиони. Овие мотори се наоѓаат во фаза на интензивни тестирања. Според првите показатели, благодарение на примената на современи технологии, силата на новиот мотор е значително зголемена. Така, на пример, во фазата на дополнителното согорување новиот мотор кој ја носи ознаката „модел 30“ ја достигна силата на својот потисок од 18 тони (последните информации говорат дека овој мотор остварил потисок од дури 19,5 тони). Со вакви перформанси рускиот мотор е посилен од американскиот пандан Pratt & Whitney F135 кој е интегриран на F-35. Ако се знае дека почетната верзија на новиот мотор остварила потисок од „само“ 15 тони, се работи за исклучителен технолошки продор. На пример, температурата на гасовите кои механизмите на овој мотор можат да ја издржат без проблем, а кои се создаваат пред турбината на моторот, достигнуваат цели 1830 степени Целзиусови. Од овие показатели можеме да заклучиме дека овој мотор ќе му овозможи на рускиот ловец Су-57 значително поголемо ниво на маневарбилност во воздух и со самото тоа предност во однос на своите конкуренти.
Ловачки авион пете генерације Су-57 (евиденцијски број "052") приликом полетања / март 2020.г. pic.twitter.com/eSplkk9RhI
— Marsonline (@gvozdenavolja) March 14, 2020
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
Посебно внимание на руските воени конструктори е насочено кон изградбата на напредно ракетно вооружување од класата „воздух-воздух“ кое ќе му обезбеди на ова летало остварување доминација во воздушниот простор. Тоа пред сé се однесува на развојот на супераманеварбилните ракети со краток и среден дострел (Р-73/РВВ МД и К-77М/РВВ АЕ), но и на ракетите со голем дострел за напад на цели на далечини над 300 км, како што е Р-37М. Покрај реконфигурацијата на нивните габарити и дизајн, особено внимание му е посветено на развојот на нова генерација ултраотпорни (на средства за противелектронска борба – заб. на прев.) самонаведувачки боеви глави со висока сензибилност.