Рентгенските снимки и CT скенери на пациентите заразени од коронавирусот откриваат како белите дробови се полнат со вирусот, односно се полнат со леплива слуз која спречува нормално дишење затоа што го оневозможува просторот кој што е наменет за воздух.
Медицинските работници ширум светот, од доктори па се до научници кои што се занимаваат со истражување, конечно почнуваат да разбираат на кој начин коонавирсот се шири во телото.
Досега забележани се над 4.800 случаи предизвикани од вирусот Ковид-19 додека епидемијата на вирусот се шири низ светот.
Скенерите кај белите дробови на пациентите кои што се заразени од коронавирусот открил бели точки кои што радиолозите ги нарекуваат непроѕирни стаклени чаши затоа што изгледаат како замаглено стакло.
Овие бели дамки укажуват на воспаление на белите дробови затоа што просторот кој што вообичаео треба да се полни со воздух, наместо со него се полни со леплива слуз.
Аутопсијата на починатите од коронавирусот во Кина укажува на тоа дека нивните бели дробови се преполни со леплива слуз која што го спречува пациентот да вдише воздух, бидејќи за истиот нема ниту простор.
Снимките од скенираните бели дробови на 41-годишна пациентка која што имала грозница и која кашлала, покажуваат како оваа слуз исполнува голем дел од нејзините бели дробови.
Newly released images of coronavirus in @radiology_rsna show its effect on the lungs. Here's what radiologists should know about the outbreak of new respiratory illness: https://t.co/RcB0wSBNCD #coronavirus #CTRad pic.twitter.com/jF88nNms4v
— RSNA (@RSNA) February 1, 2020
Како се лечи ваква пневмонија?
Грижата за пациентите мора да биде поддржана со мерките кои што е предложуваат за спречување на ширење на вирусот од човек на човек, со други зборови со надеж дека телото ќе може само да го победи вирусот – со поддршк на респиратор.
Во некои случаи тоа може да се случи, но проблемот е кај луѓето кои што во првите неколку дена кога имале температура и сува кашлица, не се јавиле на доктор.
Тоа се најтешки случаи кои што вообичаено доведуваат до акутен респираторен дистрес синдром и потенцијално, смрт.
Оние кои што ги игнорираат симптомите, сами дозволуваат вирусот да се спушти во белите дробови и да настанат потешки компликации.
Видеото погледнете го ТУКА.
Извор: Telegraf.rs