Кој не сака да чека до месец ноември, од Кина може да си нарача телефон којшто е визуелно речиси идентичен со новиот iPhone X. Меѓутоа, сличностите токму тука престануваат, бидејќи под екранот се крие еден потполно застарен модел…
Apple во вторникот ни претстави три нови модели на паметни телефони, но само iPhone X за светот беше крајно интересен поради фактот дека токму со овој модел оваа американска компанија ги помести границите, а во тие граници се мисли и на самата цена на уредот…
Телефонот ќе чини илјада долари, а за тој проблем и веќе се нуди решение. Кинескиот GooPhone X е копија на новиот iPhone X којашто изгледа речиси идентично како “десетката” а чини само 100 долари.
Инаку, се работи за компанија којашто е позната по своите копии на моделите под логото на Apple, и којашто само неколку дена после претставувањето на новиот iPhone модел понуди и своја верзија од истиот…
И секако, зад екранот се крие далеку поскромен хардвер. Па што би можеле да очекуваме за само 100 долари?
Нивниот телефон ќе има екран со дијагонала од 5.5 инчи, 720p резолуција и скромен MediaTek четиријадрен процесор. Тука е и само 1 GB работна меморија и 16 GB интерна меморија. Како што пренесува GizChina, тие само го модифицирале стариот Android 5 да се прикажува како “седмицата”, а лажно е и подобрувањето што се однесува до квалитетот на камерата. Во реалноста тие камери ќе изнесуваат само 2 и 8 мегапиксели…
Капацитетот на батеријата пак изнесува 2.100 mAh.
ИЗВОР: 24sata.hr