Кинескиот интернет гигант и конкурент на Amazon, Alibaba се приклучи на шведската интернет услуга за плаќање Klarna.
Ant Financial Services Group, компанија која стои зад платформата за плаќање Alipay, стекна малцински удел во шведската компанија, соопштено е во средата.
Двете компании сакаат уште поблиску да соработуваат, а услугите на Klarna стануваат подостапни за трговците и клиентите на Alibaba.
Klarna пријавила загуба во 2019 година поради високите инвестиции.
Долги години профитабилната компанија основана во 2005 година беше најпочитуваниот европски финтеч стартап со вредност поголема од пет милијарди евра по минатогодишниот круг на финансирање.