Новиот коронавирус е многу тешко да се разликува од останатите грипови.
Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти.
Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, грозница, кашлање и запирање во дишењето.
Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено, а грипот настанува нагло.
„Поголемиот дел од денешните вируси се слични на грипот. Американците ги нарекуваат “flu like“ или пак болести од слична група. Сè е исто па и овој коронавирус има исти симптоми“ – изјавил неодамна д-р Бранимир Несторовиќ и додал дека невозможно е да се разликува грипот од обичната настинка освен доколку не се направи тест за истите.
Како што докторите досега многу пати објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот.
Некој жена од Кина која што се излечила од коронавирусот истакнала дека температурата константно ѝ варирала.
Се пренесува на два метри оддалеченост па како да знаеме дали некој во наша близина е заразен од коронавирус?
Првите знаци на инфекцијата вклучуваат респираторни симптоми – температура, кашлање, губење на воздух и отежнато дишење, но и генерално чувство на малаксаност.
Коронавирусот исто така некогаш може да доведе и до респираторни болести како што се воспаление на белите дробови или пак бронхитис.
Уште некои од симптомите на вирусот се:
– главоболка;
– кивавица и кашлање;
– тешкотии во дишењето;
– зголемен крвен притисок.
Извор: Telegraf.rs