Motorola изгледа конечно е подготвена да се врати на пазарот на премиум телефони, а компанијата за оваа прилика работи на уред под името Motorola Edge+. Сега се појавија CAD рендери на Motorola Edge+ телефонот.
Имаме прилика да го видиме телефонот од сите агли, а прво што се истакнува кај него е waterfall дисплејот, со рабови на екранот кои се свиткуваат во рамката. Во горниот лев агол на дисплејот се наоѓа punch-hole отвор за селфи камерата, додека под екранот е сместен сензор за отпечатоци од прсти.
На задната страна се наоѓаат три главни камери, заедно со LED блиц и уште неколку сензори. LED прстенот околу Moto логото најверојатно ќе служи како светло за известувања. Motorola Edge+ има 3.5 мм приклучок во врвот, како и слот за SIM картичка, USB-C порт и микрофон во дното на уредот. Копчето за вклучување е сместено од страна, над него има копчиња за звукот.
Според претходните гласини, Edge+ ќе има 6.67-inčni FHD+ дисплеј со 90Hz освежување, Snapdragon 865 чипсет со очекуваната 5G поддршка, а сето ова пристигнува во комбинација со 8GB или 12GB RAM меморија. Се очекува и Android 10 оперативен систем, како и 5170mAh батерија.