Јужнокорејската компанија Samsung ги потврди плановите за пуштање на флексибилен смартфон за следната година. Информациите дојдоа од претседателот на компанијата за време на настан во Јужна Кореја, каде што главната тема беше новиот Galaxy Note 8.
Гласините за таков уред циркулираат со години, а секој пат премиерата на телефонот се преместува за следната година. Но, ова е прв пат да видиме категоричност кај Samsung во однос на премиерата.
Исто така на прес-конференцијата стана јасно дека Galaxy Note 8 најпродаваниот Note телефон досега. Компанијата продаде 650.000 единици за само пет дена, што е 2,5 пати повеќе од продажбата на Galaxy Note 7 минатата година.
Samsung исто така потврди дека оделот Harmon работи на создавање на паметен звучник. Тој, најверојатно, ќе се натпреварува со најголемите играчи на овој пазар – Amazon Echo, Google Home и Apple HomePod.