Ракот на панкреас уште се нарекува и “тивка болест” затоа што симптомите многу ретко се појавуваат во раната фаза на болеста. Тестови кои би помогнале при раното откривање, за жал, не постојат.
Симптомите кои се појавуваат се губење на апетит, мачнина и повраќање. На кожата се појавуваат безболни жолти дамки, а може да се забележи и жолтина на очите, темна урина или светла масна столица. Исто така се појавува и болка во горниот дел од стомакот поради притисокот на туморот врз нервите.
Постојат разлики во застапеноста во зависност од полот и животното доба – карциномот на панкреас е почеста појава кај мажите, а во 80 отсто од случаите се појавува во доба од 60 до 80 години.
Пушењето цигари е причина во 30 отсто од случаите
Ако оваа болест се појавувала во вашето семејство, вие спаѓате во ризична група. Пушењето цигари се наведува како причина за рак на панкреас во дури 20 до 30 отсто од случаите, а за втор можен причинител на болеста се наведува консумирањето алкохол. Честото прејадување и физичката неактивност исто така можат да доведат до оваа подмолна болест.
Некои студии покажуваат и дека одредени витамини можат да помогнат во превенција од рак, како што е витаминот Д.