Американската вселенска агенција НАСА започна да анализира четири потенцијални проекти на нов телескоп планиран за четвртата деценија од овој век, додека телескопот JWST е планирано да биде лансиран идната година.

Еден од тие концепти кои посебно ветуваат е LUVOIR (Large UV/Optical/IR Surveyor), замислен на научниците да им овозможи најголема реалистичност во гледањето егзопланети класифицирани како потенцијални „нови Земји“.

Од таа причина, телескопот нема да ја пребарува целата вселена во потрага по нови егзопланети како телескопот Kepler, туку ќе се концентрира на дваесетина планети кои по нивната маса, оддалеченост од матичната ѕвезда, составот и други фактори најмногу ветуваат да бидат потенцијално населиви и дека на нив можеби постои живот.

Секој свет кој ќе се проучува со LUVOIR нема да се гледа визуелно туку спектрално, односно ќе собира податоци за спектрална поделба на количината на светлина од различни бранови должини кои доаѓаат од објектите. Анализата на тие податоци би требало да им овозможи на научниците да ги идентификуваат сите појави за да можат да откријат што се случува на површината на некој свет.

Научниците пресметаа дека со анализирањето на 28 карпести светови за кои е потврдено дека имаат атмосфера, но не и живот, доведе до податоци дека помалку од 10% од планетите со големина и орбитални сличности како Земјата можат да постојат услови за живот.

Доколку ваквите анализи би идентификувале живот тогаш се отвора ново подрачје за истражување. Одговорот на ова е сепак во иднината.

Извор: Vidi.hr