Американскиот технолошки гигант Apple ќе треба да плати вкупна отштета од 500 милиони долари на корисници, по обвиненијата дека компанијата ги правела побавни постарите iPhone уреди.
Според објавените документи на Окружниот суд на Сан Хозе, Калифорнија, прелиминарната спогодба сè уште чека на одобрение од судијата.
Случајот отпочна 2017 година, кога корисниците почнаа со забелешки дека постарите батерии ги забавуваат нивните уреди, што потоа го наведоа како нешто што е вон првичниот договор со компанијата. Станува збор за моделите iPhone 6, 6s и 7.
Apple првично се согласи да плати најмалку 310 милиони долари, но сепак оттаму нагласуваат дека не се работи за признание на вина.