Познатата компанија за производство на часовници Timex ја освежи својата линија GPS трекери. Timex Ironman R300 GPS е достапен на сајтот на компанијата по цена од 120 долари.
Во прашање е прв трекер со функции на паметен часовник од оваа компанија. R300 поседува солидни фитнес функции, „зачинети“ со функционалностите на паметен часовник, како што се екран осетлив на допир, GPS, мерење на брзината и оддалеченоста, остварување телефонски повици и др. Се работи за најнапредниот Timex трекер досега, бидејќи нуди и предефинирани модови за различните спортови, отвпорен е на вода до длабочина од 30 метри, нуди можност секогаш да има вклучен екран, го проверува квалитетот на сонот и уште многу други функции.
Сепак, најинтересната карактеристика на овој паметен часовник е должината на траење на батеријата, која има автономија од дури 25 денови. Секако, ова се однесува на оптимални услови на функционирање, додека при поголемо оптоварување (на пример кога е вклучен GPS), таа се спушта на само 20 часа.