Останаа уште неколку седмици до крајот на зимата која досега беше една од најтоплите – виновникот за тоа е Северниот пол.
Поточно полето со екстремно низок притисок над Северниот пол ја повлекол млазната струја кон северот, засилувајќи го нејзиното делување против брзината на ветровите кои постојано кружат во поларните области.
Како последица на тоа настанала цврста бариера која го задржала студенилото на тоа место.
Во моментот кога ширум САД температурите за три степени целзиусови тоа докажува дека се повисоки од просечните температури измерени во 20-от век, а се очекува овој метеоролошки модел да постане тема на нови истражувања, пишуваат од „Блумберг“.
Доколку ваквиот тренд продолжи до 29-ти февруари кога од аспект на метеоролозите завршува зимата, тоа ќе биде рекордно топла зима во последните 141 години.
Иако полето на притисок во атмосферата на Арктикот т.н. арктичка осцилација, вообичаено осцилира помеѓу нискиот и високиот притисок, ослабнувајќи ги околните поларни ветрови, метеоролозите велат дека ретко се случува да бидат толку многу силни и да траат толку многу долго.
Кога Сонцето зајдува над Арктикот и Северниот пол таму е темно, ширум регионот се создава длабок резервоар на ладен воздух. Полето на притисок непосредно над половите осцилира помеѓу високиот и нискиот притисок.
„Оваа година тоа не се случи. На 10-ти февруари арктичката осцилација достигна рекорден интензитет и веројатно ќе продолжи да се зајакнува и во наредните неколку денови“ – објаснил Кјег Лог, метеоролог од американската Национална метеоролошка служба.