Sony го претстави својот прв смартфон кој поддржува 5G мрежа, а тоа е Xperia 1 II.
Најважен на листата на спецификации на новиот уред е 5G модемот.
Sony е познат по производство на ТВ уреди, камери и звучници, така што е лесно да се претпостави на што е ставен фокус во случајот на Xperia 1 II.
Уредот го доби CinemaWide 6,5-инчниот OLED HDR екран со формат 21:9, со три задни Zeiss камери од 12 MP и Zaiss T антирефлектирачки слој. Позади е сместен и четвртиот сензор ToF за подобро зумирање, а напред е сместена предната камера од 8 MP.
Од Sony се погрижија за одличен звук, па уредот има предни стерео звучници. Xperia 1 II го поседува процесорот Qualcomm 865 5G со 8GB RAM и 256 GB интерна меморија.
Смартфонот го напојува батерија од 4.000 mAh. Продажбата почнува напролет, а купувачите ќе можат да бираат помеѓу бела, црна и розова боја.
Цената сè уште не е позната.
Извор: Klix.ba