Sony го претстави Xperia 10 II кој е дизајниран да биде ТВ и играчка конзола за џебот на корисникот.
Смартфонот има 6-инчен OLED Triluminos екран со формат 21:9. Се работи за уред од средниот сегмент, чиј дипслеј прикажува „подлабоки црни и поживописни бои“ за разлика од просечен смартфон, а покрај тоа ќе овозможи и поимпресивно доживување на играње. Смартфонот е тежок 151 грам и е отпорен на вода и прав по IP65/IP68 стандард.
Најголемата разлика помеѓу Xperiа 10 II и претходната Xperiа 10, освен Bravia Triluminos OLED екранот се камерите. Новиот модел има три задни камери, ултраширока од 12, широка од 8 MP и телефото камера со 2X оптичко зумирање (10X дигитален зум).
Смартфонот може да снима 4K видео во формат 21:9, иако овој формат ќе биде кропиран на Ultra HD 4K екранот.
Звучниците се одлични, уредот има и 3,5 милиметарски влез за слушалки. Xperia 10 II има Snapdragon 665 процесор, 4GB RAM, 128 GB интерна меморија, microSDX поддршка и батерија од 3.600 mAh. Продажбата почнува напролет, а цената се уште не е објавена.