Airbus откри повеќе детали за својот амбициозен план за создавање футуристички авион кој е побезбеден за патниците и поповолен за животната средина. Дизајнерите на компанијата работат на голем број концепти, откако визијата за авионите не се менува со децении. Европскиот производител го искористи настанот Singapore Air Show за да ни го покаже концептуалниот Maveric. Името е акроним за Мodel Аircraft for Validation and Experimentation of Robust Innovative Controls.
Инженерите на Airbus вложија максимални напори да ја отстранат границата помеѓу крилата и телото на авионот. Дизајн идеја која не само што гарантира поголема моќност, туку помага и во намалување на отпорот. Компанијата ветува дека Maveric ќе го намали пуштањето јаглерод во атмосферата за околу 20%, пренесува NationalPost. „Airbus“ со месеци спроведува вистински тестови со машината на приватен аеродром во Франција, чија локација е непозната.
Самиот прототип е со ширина 3,2 метри и е инспириран од американскиот бомбардер B-2, како и од истражувачкиот проект „X-48“ на Boeing и НАСА. Компанијата гледа голем потенцијал при вакви промени во дизајнот што ќе го направат авионот оптимално решение за превоз на повеќе од 400 патници. Airbus нема намера да брза со премиерата на Maveric, кој нема да биде на пазарот барем уште неколку години. Ние допрва треба да разбереме повеќе за овој иновативен концепт од дизајнерите на Airbus.