Најдолгиот железнички тунел под швајцарските Алпи наскоро ќе биде целосно отворен, а се наоѓа во склоп на најдолгиот тунел во светот Готард, кој е долг 57 километри. Проектот е вреден 11,3 милијарди долари.
Тунелот се наоѓа на длабочина од 2.500 метри под Алпите, а ангажирани се 2.500 работници кои имаат задача да направат пат низ 30 милиони тони гранит, да постават пруга и уште неколку стотина километри електрична инсталација, сигнализација и комуникациски систем.