Со многу возбуда, среќа, насмеани и горди лица помина вчерашната завршна прослава за доделување на дипломите на првата генерација на единствената специјализирана ИТ академија за деца во Македонија, IThink.
42 дечиња добија признанија за големата посветеност и упорност со која ги реализираа сите предизвици од програмата на IThink.
Претставници на Сеавус едукативниот и развоен центар, инаку основач на академијата, велат дека вчерашниот настан е едно прекрасно заокружување на една возбудлива година полна со успеси и незаборавни моменти реализирани благодарение на првата IThink генерација и нивните ментори.
Освен одличната реализација на програмата, од академијата се особено горди на децата кои постигнаа и голем успех на изминатиот технички фестивал Код фест. Тоа е доказ дека раното усовршување на децата во определена област е одлично за нивниот развој. На настанот посебно признание му беше доделено на актерот и голем пријател на IThink, Гораст Цветковски, кој беше прогласен за бренд амбасадор на академијата.
Од IThink најавуваат дека е подготвена и следна понапредна фаза од програмата која ќе може да ја посетуваат децата од првата генерација. За големиот успех на IThink доказ се и рано исполнетите квоти за новата втора генерација на домашни ИТ генијалци.