Додека на семафорот е црвено светло, свирењето од автомобилите воопшто не помага, но затоа во Мумбаи наскоро, како последица, би можеле да го продолжат траењето на црвеното светло.
Додека сирената во сообраќајниот метеж понекогаш може и да помогне, така што другите возачи ќе ве пуштат во нивната лента или ќе се движат побрзо, дел од возачите во светот на тој начин се обидуваат да ги забрзаат семафорите. Секако, оваа тактика не функционира, но тоа некако не го разбираат во Мумбаи, Индија.
Покрај тоа што е пренаселен и загаден, градот има уште еден проблем – нервозни возачи кои, во сообраќајниот метеж, додека на семафорите свети црвено, времето си го кратат, свирејќи. Иако на семафорите има дополнителен екран, кој покажува за колку секунди ќе се појави зелено светло, тоа не ги спречува возачите 30 секунди, а понекогаш дури и повеќе, да направат бучен „трубачки“ концерт. Не станува збор за едно или неколку возила, туку понекогаш десетици возачи „легнуваат“ на сирените и прават голема, напорна и непотребна бучава.
Horn not okay, please!
Find out how the @MumbaiPolice hit the mute button on #Mumbai’s reckless honkers. #HonkResponsibly pic.twitter.com/BAGL4iXiPH— Mumbai Police (@MumbaiPolice) January 31, 2020
Полицијата не знаела како да стави крај на ваквото однесување на возачите, па се решила на прилично радикален потег што, благо кажано, ги шокирал возачите. Кон крајот на минатата година, тие започнале проект наречен „казнен сигнал“ и поставиле мерачи на бучава и порака до возачите на неколку семафори во градот – ако свириш, ќе чекаш подолго. Во моментот кога бучавата ќе надмине одредена граница (а полицијата ја поставила на 85 db), се зголемува времето на траење на црвеното светло, а со тоа и времето на чекање на семафор.
Непотребно е да се каже дека пилот-проектот, кој бил спроведен во текот на ноември и декември, се покажал како успешен. Откако возачите сватиле што е последица на свирењето, возачите едноставно престанале да го прават тоа односно било драстично намалено.
По тестирањето, во полицијата сега разговараат за иднината на проектот и дали ќе продолжат со него, односно дали ќе го спроведат на повеќе семафори низ градот, но и низ други градови.
Извор: Zimo.hr