Истражувањето покажува дека корисниците кои зачестено го проверуваат својот Facebook профил во мозокот имаат помалку сиви ќелии.
Со новото истражување, научниците открија нешто што воопшто нема да ви се допадне. Освен што дене паметните телефони не прават поглупави, претераното користење на социјалните мрежи може да предизвика зависност и да го турне корисникот во депресија, а научниците сега ја пронајдоа врската помеѓу користење Facebook и помалку сиви ќелии во вашиот мозок.
Луѓето кои зачестено го проверуваат Facebook на своите паметни телефони имаат помалку сиви ќелии во подрачјето на мозокот задолжено за чусвтво на награда и кое многу влијае на нашите зависности. Научниците утврдија дека во мозокот имало помалку сиви ќелии кај луѓето кои чести го проверувале својот профил на Facebook. Учесниците во истражувањето биле студенти на Универзитетот во Бон, а нивните навики на проверување на Facebook се опишани во истражувањето како „непретерани“.
Користејќи го MRI, на кој биле подлегнати 39 жени и 46 мажи, научниците од Универзитетите во Улм, Бон и Кендо го разгледуваа нивното користење на социјалните мрежи во период од пет недели.
„Докажавме дека средишната област на мозокот, позната како систем на награда, игра голема улога во сфаќањето на користењето на Facebook на паметните телефони. Накратко, колку помалку сиви ќелии имате во ова подрачје, почесто ќе го користите Facebook, изјави Кристијан Монтаг, научник од универзитетот во Улм.