Galaxy S20 серијата е прва 5G линија на водечки паметни телефони на компанијата Samsung и истата носи 5G можности и технологија на камерата на база на вештачка интелигенција креирана за иднината на комуникацијата
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy S20, нова серија на водечки уреди кои ќе го променат начинот на кој што го восприемаме и доживуваме светот. Galaxy S20 доаѓа со потполно нов дизајн на камера, комбинирајќи вештачка интелигенција со најголемиот Samsung сензор досега за фотографии со совршен квалитет. Покрај камерата, Galaxy S20 прави сè што вообичаено правиме со помош на своите паметни телефони да функционира уште подобро и полесно. Така се овозможени слушање на персонализирани музички плејлисти, гледање на видео снимки во соодветниот формат и играње видео игри во движење.
„Како што влегуваме во новата деценија, 5G технологијата комплетно ќе го промени начинот на кој што комуницираме и како го доживуваме светот околу нас“, рече Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Како што сите три модели на новата серија, Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra, доаѓаат со поддршка за 5G мрежа, Samsung на своите корисници им овозможува уреди од следната генерација кои што ќе го трансформираат животот на луѓето. Со неверојатната камера на база на вештачка интелигенција, корисниците ќе можат веродостојно да ги доловуваат своите доживувања и да се поврзат уште полесно со своите сакани.“
Промена на начинот на кој што го снимаме светот околу себе
Денес повеќе од било кога порано го снимаме нашето секојдневие и ги бележиме моментите со помош на паметните телефони – и затоа камерата претставува најважен елемент за корисниците кога купуваат нов паметен телефон. Дизајниран да одговори на сите наши барања, Galaxy S20 претставува сосема нов систем на камера на база на вештачка интелигенција, со најголем сензор досега, за да го извлече најдоброто од секоја фотографија и од секој момент.
Правете го она кое што го сакате, но подобро
Galaxy S20 овозможува да сето она што го правиме со нашите телефони да биде што поедноставно и подобро. Со новите можности и партнерства инспирирани од отворената соработка, Galaxy S20 е креиран за потребите на денешните корисници.
Неограничени можности
Како најнов водечки уред на компанијата Samsung, Galaxy S20 користи премиум технологија која што љубителите на Galaxy уредите ја очекуваат. Најбезбедниот уред кој Samsung некогаш го направил, Galaxy S20 е заштитен со Knox систем – водечка платформа за безбедност на мобилни уреди, која го штити телефонот од ниво на чип сè до софтверско ниво. Galaxy S20 има и нов безбеден процесор, под името Guardian Chip, кој штити од напади на база на хардвер.
Интелигентната и голема батерија на новиот телефон доаѓа со брзо полнење од 25W, додека Ultra моделот доаѓа и со супер брз полнач од дури 45W. Целокупната S20 серија доаѓа со масивен стандарден простор за складирање на содржини (128GB за S20; 128GB, и 512GB за Galaxy S20+ и S20 Ultra).
Со Galaxy S20 корисниците можат да го искусат и наједноставниот, најинтуитивниот Samsung интерфејс One UI 2. Исто така, со користењето на моделот од оваа серија ќе може да се управува со своите паметни домови преку SmartThings, да се реализираат своите здравствени и wellness цели со Samsung Health, или да плаќаат преку Samsung Pay.
GALAXY BUDS+
Дополнително, со Samsung Galaxy Buds+, омилената музика и подкаст содржините ќе бидат подостапни од било кога досега. Дизајнирани од страна на AKG, Buds+ имаат двосмерни динамични звучници, три микрофони за звук и глас без конкуренција, како и исклучително долготрајна батерија од 11 часови, со дополнителни 11 часови во куќиштето. Buds+ апликацијата, според името на Galaxy Buds+ сега е и iOS компатибилна, така што е можно да се ужива во одличното аудио искуство без оглед на тоа кој уред го користите.
Достапност на моделите од серијата Galaxy S20 и пред-нарачување
Од 13ти март, 2020 година моделите од Galaxy S20 серијата ќе бидат достапни по цени од 53.999 денари за S20, 59.999 денари за S20+ и 80.999 денари за S20 Ultra. На домашниот пазар моделите ќе бидат достапни во различни, класични бои.
• Galaxy S20: Космичко Сива, Космичко Сина, Космичко Розева
• Galaxy S20+: Космичко Сива, Космичко Црна, Космичко Сина
• Galaxy S20 Ultra: Космичко Сива, Космичко Црна
За повеќе информации за Galaxy S20 серијата, посетете ја страницатаhttps://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s20/.
Нарачувањето однапред на уредите од Galaxy S20 серијата ќе биде можно од денес, 11ти февруари во 21 часот, преку линкот: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s20/.
Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra Спецификации
|
Galaxy S20 |
Galaxy S20+ |
Galaxy S20 Ultra |
Дисплеј |
6.2” Quad HD+ ДинамиченAMOLED 2X Infinity-O Дисплеј(3200X1440) |
6.7″ Quad HD+ ДинамиченAMOLED 2X Infinity-O Дисплеј(3200X1440) |
6.9″ Quad HD+ ДинамиченAMOLED 2X Infinity-O Дисплеј(3200X1440) |
|
*Infinity-O Дисплеј: скоро без-рабови, рамен екран. *Мерен дијагонално, големината на екранот на Galaxy S20 е 6.2″, а 6,1’’ земајќи ги во предвид заоблените агли; големината на екранот на Galaxy S20+ е 6.7″, а 6.5″ земајќи ги во предвид заоблените агли; големината на екранот на Galaxy S20 Ultra е 6.9″, а 6.7″ земајќи ги во предвид заоблените агли; површината за прикажување на содржини е помала поради заоблените агли и отворот за камерата. |
||
Камера
|
[Предна камера] [Задна камера]
|
[Предна камера] [Задна камера]
DepthVision камера |
[Предна камера] [Задна камера] DepthVision камера |
*Super Zoom резолуцијата вклучува дигитален зум, кој што може да доведе до одредено намалување на квалитетот на снимката. **48MP само за зумирање. |
|||
Димензии и тежина |
Димензии: 151.7 x 69.1 x 7.9мм |
Димензии: 161.9 x 73.7 x 7.8мм |
Димензии: 166.9 x 76.0 x 8.8мм |
AP |
– 7㎚ 64-bit Octa-Core Процесор * 2.7㎓ (Максимална брзина) + 2.5㎓ + 2㎓ |
||
Меморија |
5G |
5G
|
5G/LTE
|
|
*Може да варира во зависност од моделот, боите, пазарот и операторот. *Просторот за меморија може да варира зависно од претходно инсталираниот софтвер. |
||
Дополнителна |
Dual SIM модели (Hybrid SIM слот): една Nano SIM и уште една Nano SIM или еденMicroSD слот (до 1TB) |
||
Батерија |
|
|
|
|
*Типичните вредности се тестирани во лабараториски услови од трети лица и претставуваат оценета просечна вредност, земајќи ги во превид капацитетите од примероците на батериите тестирани под IEC 61960 стандардот. Оценетиот(минимален) капацитет на батеријата е 3880mAh за Galaxy S20, 4370mAh за Galaxy S20+. и 4855mAh за Galaxy S20 Ultra. Реалната издржливост на батеријата може да варира зависно од јачината на мрежата, корисничката шема и други фактори. |
||
Полнење |
Подобрена брзина на безжичното полнење со Fast Wireless Charging 2.0 |
||
OS (оперативен систем) |
Android 10 |
||
Мрежа & Поврзување |
LTE
|
||
Плаќање |
NFC, MST |
||
Сензори |
Ултра-соничен сензор за отпечаток на прсти, Акцелерометар, Барометар, Gyro–сензор, Геомагнетски сензор, Hall сензор, Proximity сензор за близина, RGB Светлосен сензор, |
||
Автентикација |
Вид на заклучување: шема, PIN, лозинка |
||
Звук |
AKG стерео звучници и слушаки |
||
Видео |
Видео playback формати |