Тим на компанијата за спортска опрема Адидас произведе патики отпорни на пиво, по повод одржувањето на Октоберфест, познатиот пивски фестивал во Минхен, кој започнува за неколку недели. Новиот модел на патики не само што е инспириран од фестивалот, туку е и отпорен на секаква течност.
https://www.youtube.com/watch?v=9QAxNlT1jOE
Изработени од најмека кожа, патиките адидас Минхен се замислени да ги издржат сите непријатности кои би можеле да се случат од претерано конзумирање на алкохол за време на фестивалот.
Патиките се дизајнирани во темно кафена боја и на нив има натпис Prost (живели на германски јазик). Тие се продаваат по цена од 200 евра, а со нив секој купувач добива и кригла за пиво, со цел комплетно уживање во фестивалот на пивото.