Луѓето кои повеќе години трагаат по чудовиштето од Лох Нес, објавиле снимка на која како што тврдат, се гледа најпознатото мистериозно суштество на планетата.
Ирецот, Џон Фадагејн (55) тврди дека на видеото се наоѓа легендарното чудовиште како се капе и плива на езерото на 18-ти јануари оваа година. Тој ја споделил снимката од надзорните камери на која може да се види темен објект кој се поместува.
„Многу е возбудливо тоа што го забележавме првпат во оваа деценија. Особено затоа што имаше наведувања дека си заминало од природата, но оваа снимка ја негира таа теорија. Кога ќе го видите дури и на снимката ќе останете изненадени. Би сакал тоа да го видам во живо, а не преку камерата. Беше широк, нешто повисок од еден метар, а долг до 3 метри“ – навел Фадагејн.
Инаку, чудовиштето од Лох Нес уште се нарекува Неси или Нес, за кое се зборува дека живее во езерото Лох Нес, во близина на градот во северна Шкотска.