Кинескиот ZTE ќе го објави новиот телефон Axon 10s, прв со најмоќниот Snapdragon досега, со ознака 865. Axon 10s има голем екран, мал засек и е прв уред со LPDDR5 RAM. Меѓутоа, се уште нема датум на достапност во продавниците. Ова се неговите спецификации:
Со оглед на тоа дека во себе има Snapdragon 865, тоа исто така значи дека поседува и 5G модем во себе. Батеријата од 4,000 mAh со Quick Charge 4+ поддршка би требало да ви помогне да можете во целост да уживате во 5G сигналот и неговите благодети. Со овој уред доаѓаат и стерео звучници, но нема влеза слушалки, што повеќе не претставува изненадување. Како што се гледа на горната табела, ќе работи на Android 10 и на MiFavor 10 скин. Ќе има сензор за отпечатоци од прсти во екранот, но не и secure face unlock за Android 10.
ZTE прв го најави уредот со Snapdragon 865, но тоа не значи дека прв ќе го претстаи на пазарот.