Во новите декласифицирани документи на американските известувачки агенции биле откриени информации за тоа како советската известувачка служба успеала да навлезе во податоците на американската програма за нуклеарно оружје во 40-тите години од минатиот век.
Американците претходно ги знаеле имињата на тројцата луѓе кои се сметале за шпиони и кои им предавале на Русите тајни информации од државен карактер. Сега е откриен и четвртиот шпион, кој на Москва веројатно ѝ ги дал најзначајните информации за тоа како да направат атомска бомба.
Оскар Себорер бил дете на полски еврејски имигрант, роден во Њујорк 1921 година. Студирал електротехника на Државниот универзитет „Охајо“, а во 1942 година почнал да работи на „Проектот Менхетен“, главна американска тајна програма за развој на атомска бомба.
Оскар присуствувал на „Тринити тест“ од 1945 година, првата вештачка нуклеарна детонација, која ја докажала одржливоста на атомската бомба. Оскар бил светски шпион со шифрирано име „Готсенд“ (Испратен од бога), а за нуклеарната програма на Советскиот Сојуз бил токму тоа.
Повеќе од кој било друг, Оскар им продавал на комунистичкиот блок информации за тоа како да изработат напредно високоразорно оружје. Историчарите Харви Клер и Џон Ерл Хајнс ги откриле шпионажите на Оскар во новите трудови кои се однесуваат на животот и постапките на шпионите.
Тие се потпреле на новите декласифицирани извештаи на американската Централна известувачка агенција, во кои детално се опишани безбројните тајни на Оскар, човекот кој побегнал во СССР во 1951 година.
„Фасцинантно е“, изјавил Клер за „Њујорк тајмс“. „Немавме поим дека тој претставува толку важна личност“, изјавиле тие.
Конкретно Оскар дизајнирал неверојатно компликуван имплозиски прекидач, благодарение на кој нуклеарната бомба добива моќен експлозивен набој.
Алек Велерстајн, историчар по нуклеарна технологија од Стивенс технолошкиот институт во Хобокерн во Њу Џерси, изјавил за „Тајмс“ дека Советите потрошиле многу време во разгледувањето на прашањата за минерални кругови. Тие увиделе дека допринесот на Оскар бил уникатен и позначаен од сите заедно шпиони испратени од Москва.
„Не знам дали друг познат шпион имал пристап до овие тајни кои ги имал Оскар“, изјавил Алек за „Тајмс“.
Тој забележал дека Оскар и неговите другари можеби ја пополниле празнината на советските научници. На пример еден советски дијаграм за нуклеарен уред кој Велерстајн го навел во анализата од 2012 година датира од јуни 1946 година, четири месеци откако Оскар го напуштил Лос Аламос.
Истиот покажува минерско коло на палење, кое е јасно инспирирано од американсиот уред. Документите на ЦИА датираат од 1956 година, четири години откако Оскар продолжил во Советскиот Сојуз. Клер изјавил за „Тајмс“ дека ФБИ за првпат откриле доказа за неговата шпионска улога во 1955 година.
Останатите советски шпиони во програмата, како што се Клаус Фуш, биле уапсени и нивното откритие и трудови биле објавени. Политиката околу изборите во 1956 година направила новиот шпионски скандал да помине незабележано. Доказите против Оскар биле лабави. Документите не ја опишувале неговата шпионажа.
Во нив било забележано само тоа што можело да се украде или научи за Советите, а затоа што Оскар веќе бил во Советскиот Сојуз, дури ни подигнатото обвинение против него веројатно никогаш и се нема случено.
„И тоа не е чудно да се случило. Го оставиле лавот мирно да спие и затоа е тешко да се докаже“, изјавил Клер.