Huawei во текот на минатата година го претстави Mate X флексибилниот телефон, а компанијата сега поднесе барање за нов флексибилен уред на преклоп со поддрша за паметно пенкалце.
Патентот опишува формат сличен на оригиналниот Mate X модел, но со некои забележителни разлики.
За почеток, новиот модел се свиткува навнатре (Mate X се свиткува кон надвор). Покрај тоа, Mate X пристигнува со четири камери, додека моделот од патентот има вкупно шест камери – две со предни страни поставени вертикално и четири на задната страна.
Бочната страница содржи секундарен дисплеј и место каде што се складира пенкалото, а изгледа доста поинаку од она што го нуди Mate X.