Google планира да воведе опција за преведување во реално време на Google Translate апликацијата за Android, благодарение на што корисниците ќе можат да креираат аудио снимки и веднаш да ги преведуваат на некој друг јазик.
Опцијата се уште е во пробна фаза и се претпоставува дека ќе бара интернет конекција, а се истакнува дека се работи за функција која е посложена од преведувањето на текстуални запис од еден јазик на друг. Новата можноста нема да функционира кога се во прашање старите аудио фајлови, бидејќи преведувањето ќе се одвива во реално време, но се тврди дека корисниците ќе можат да пуштаат постари снимки преку звучници, за на тој начин да го добијат преводот.
Се уште не е познато кога Google точно ќе ја лансира транскрипцијата и преводот, во реално време, а ако се има во вид дека Google Translate не дава најточни преводи, се претпоставува дека ќе помине уште време додека до корисникот не стигне производ кој е на задоволително ниво.