Повеќе нема да мораме да го замислуваме изгледот или да се потпираме на концепт рендери на преклопниот Galaxy Z Flip телефон. Сајтот WinFuture дојде до фотографии и спецификации од претстојниот флексибилен clamshell смартфон на Samsung.
Изгледот на уредот е онаков како што очекувавме, но со неколку нови детали. Телефонот е центриран околу 6,7-инчниот преклопен дисплеј, со резолуција од 2636 x 1080 пиксели. Екранот има заштитен „Ultra Thin Glass“ слој наместо пластика и оптвор за 10MP камера. На задната страна се наоѓа секогаш активниот секундарен дисплеј со големина од еден инч, кој прикажува време и известувања кога уредот е затворен.
Се очекува дека Galaxy Z Flip ќе го користи постариот Snapdragon 855 Plus чипсет, наместо 865 моделот и ќе има 8GB RAM. На задната страна ќе са најдат две камери – една стандардна од 12MP f/1.8, како и ултраширок f/2.2 сензор. Телефонот нема да има приклучок за слушалки. Исто така, нема да биде можно да се прошири стандардниот простор за складирање од 256 GB.
Galaxy Z Flip се очекува на 14. февруари, а WinFuture сугерира дена од 1500 евра во Европа.