Швајцарија искова толку мал златник што треба да се гледа од многу блиску за на него да се забележи ликот на физичарот Алберт Ајнштајн, кој се плази кон гледачот, пренесува агенцијата АП.
Швајцарската државна ковачница соопшти дека овој златник, со пречник од 2,96 милиметра, е најмалиот во светот. Тежината на кованата паричка е само 0,063 грама и има номинална вредност на една четвртина од швајцарскиот франк.
Од ковачницата информираат дека ваква паричка од вкупно 999 направени, ќе се продава по цена од 199 франци со специјална лупа, така што сопствениците ќе може во секое време да го видат ликот на познатиот физичар на аверсот од минијатурниот златник.
Поврзани артикли