Компанијата Rolls-Royce планира изградба на мини нуклеарни реактори во Велика Британија до крајот на оваа деценија.
Од Rolls-Royce е потврдено за BBC дека постои план за изградба и управување со нуклеарните реактори до 2029. година. Мини нуклеарните станици можат масовно да се произведуваат и доставуваат на локации со помош на шлепери, а со тоа е полесно да се предвиват трошоците.
Но, противниците на овој план тврдат дека Велика Британија би требало во целост да се откаже од нуклеарната енергија и да се фокусира на поевтина обновлива енергија.
Заштитниците на животната околина се поделени кога станува збор за нуклеарната енергија, некои сметаат дека е опасна и скапа, додека други тврдат дека се потребни сите технологии доколку се сака да се постигне целта за нулта емисија до 2050. година.
Оние кои го поддржуваат проектот на мини нуклеарни реактори веруваат дека можат да им парираат на цените од евтините извори на обновлива енергија. Планот е мини реакторите да се сместат во Велс, а би требало да бидат вкупно 10 до 15 во Велика Британија.
Се работи за мали реактори кои би можел да ги има секој град, а користењето на постоечките локации би го спречил проблемот на осигурувањето од терористички напади.